Connect with us

Хроника

Два случаи на семејно насилство евидентирани во еден ден во Куманово

Секторот за внатрешни работи Куманово во текот на вчерашниот ден евидентирал два одделни случаи на семејно насилство, во кои интервенирала полицијата.

Во првиот случај, вчера во11:05 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 34-годишниот Д.И. од Куманово, поради сомнение дека физички го нападнал својот брат на неговото работно место. Тој бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Подоцна во 19:40 часот, во СВР Куманово 77-годишен жител на градот пријавил дека бил физички нападнат од неговиот син М.М. и сопругата Б.М., со која е во бракоразводна постапка. Полицијата информират дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Маркетинг
Ad 1
Ad 3