Connect with us

Општини

Алиу: Целосно реконструирано хроничното одделение во Психијатриската болница „Негорци“

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска ја посети Психијатриската болница Негорци – Гевгелија по повод извршена целосна реконструкција на хроничното одделение.

– Здравствената инфраструктура е еден од столбовите на системот и затоа се залагаме за унапредување на инфраструктурата и подобри услови за лекување и третман на пациентите. Реконструкцијата во Психијатриската болница Негорци опфати целосна обнова на кровната конструкција, комплетно нови врати и прозорци, репарирање на изолациската фасада. Извршена е и целосна внатрешна реконструкција, реновирање на бањите и санитарните јазли, како и поставување соларни колектори и затоплување на вода со помош на обновливи извори на енергија. Со оваа инвестиција се овозможени поквалитетни услови за сместување на пациентите – истакна министерот Алиу при посетата.

Директорот на установата, Сашко Стојиловски посочи дека станува збор за објект со површина од 550 метри квадратни, а вкупната вредност на инвестицијата е над 16 милиони денари.

-Овој проект чекаше за реализација околу седум години, а во изминатите години сите забелешки од меѓународни институции беа адресирани на условите од ова одделение. Заеднички со Министерството за здравство направивме напори за изработка на проектот и реализација, со што ги подигнавме на повисоко ниво стандардите за третман во нашата установа – рече Стојиловски.

Маркетинг
Ad 1
Ad 3