Connect with us

Свет

ИАТА: Потребни се неколку месеци за резервите со керозин да се вратат во нормала

Ќе бидат потребни неколку месеци за воздухопловниот сектор да се врати на нормални резерви керозин и пониски цени на јаглеводородите, дури и ако Ормуската Теснина биде трајно отворена – предупреди денеска генералниот директор на Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА), Вили Волш.

– Мислам дека ќе бидат потребни уште неколку месеци за да се вратиме на неопходното ниво на снабдување со оглед на нарушените рафинериски капацитети на Блискиот Исток, што е критична алка во глобалното снабдување со рафинирани производи  посочи Волш на конференција во Сингапур.

Тој додаде дека најавата за двонеделен прекин на огнот помеѓу САД и Иран и очекуваното отворање на Ормуската Теснина ги намалија цените на нафтата за повеќе од 15 проценти, но оти ќе бидат потребни месеци да се вратат на посакуваното ниво.

– Не мислам дека тоа ќе се случи за неколку недели. Воздушниот сообраќај е сектор што може да биде профитабилен, дури и со високи цени на нафтата. Проблем е краткорочната реакција на брзото зголемување на цената – наведе Волш. 

Маркетинг
Ad 2
Ad 3