Connect with us

Хроника

МВР: Седум лица приведени и три возила одземени во сообраќајна контрола во Скопје

Во текот на ноќта (03/04.04.2026), во периодот од 22:00 до 04:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот при Министерство за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на подрачјето на општините Илинден, Бутел и Кисела Вода.

При контролата, како што соопшти МВР, биле санкционирани тројца возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, како и уште шест возачи за други сообраќајни прекршоци.

Дополнително, седум лица биле лишени од слобода и биле одземени три возила поради сторени кривични дела „безобѕирно управување со моторно возило“. Од нив, пет лица, меѓу кои и еден малолетник, управувале возило без возачка дозвола, едно лице управувало со истечена дозвола, додека едно лице управувало возило и покрај активна забрана за управување.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни прекршочни и кривични пријави.

Надлежните најавуваат дека ваквите акциски контроли ќе продолжат и во наредниот период, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот, апелирајќи до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. 

Маркетинг
Ad 4
Ad 1