Connect with us

Кошарка

Флаг најмлад играч во историјата на НБА со 50+ поени на еден натпревар

Кошаркарот на Далас, Купер Флаг, беше најефикасен во натпреварот од регуларната сезона на НБА одигран ноќеска на домашен терен против Орландо меџик.

Натпреварот заврши со резултат 138:127 во корист на гостите.

Деветнаесетгодишниот Флаг  постигна 51 поен во натпреварот. Тој погоди 19 од 30 шутеви од поле, 6 од 9 тројки и 7 од 7 слободни фрлања, а исто така имаше и 6 скока и 3 асистенции.

Флаг стана најмладиот играч во историјата на НБА што постигнал 50+ поени во еден натпревар. Претходниот рекорд му припаѓаше на Брендон Џенингс, кој на 20-годишна возраст постигна 55 поени во натпреварот на Милвоки против Голден Стејт вориорс во 2009 година.

Далас го избра Флаг како прв пик на НБА драфтот во 2025 година. Кошаркарот потпиша договор со клубот во јули.

Маркетинг
Ad 4
Ad 3