Connect with us

Регион

ЦБ на Албанија: 40 отсто од работниците ја напуштиле земјата, емиграцијата ја погодува економијата и го зголемува инфлацискиот притисок

Албанија се соочува со егзистенцијална криза за работна сила, бидејќи околу 40 отсто од нејзиниот човечки потенцијал веќе избрал да изгради живот во странство.

Годишниот извештај на Централна банка на Албанија за 2025 година преупредува на загрижувачките бројки за емиграцијата, класифицирајќи ја не само како социјална неволја, туку како ризик што го погодува економскиот раст и дестабилизира многу сектори во земјата.

– Алармантно е. Не е нов проблемот со емиграцијата, загриженоста е во нејзината долгорочна природа. Не е првпат да се случува емиграција. Загриженоста се последиците што ги носи таа. И понатаму заминуваат образовани и квалификувани млади луѓе, кои се промотори на економскиот развој, тие се енергија, тие се умот, вели експертот за социјални прашања Ерис Дамо за „Ора њуз“.

Според телевизијата, Централна банка оценува дека пазарот на трудот е во ограничени услови, при што бизнисите се борат со структурни недостатоци и неможност да најдат работници. 

Иако компаниите ги зголемуваат платите за да го задржат персоналот, според социјалните експерти, постојат голем број други фактори што ги принудуваат да си заминат.

– Денес имаме зголемување на платите, но тие не се конкурентни со ЕУ. За да ги задржиме мора да обезбедиме вработување, домување, но и достоинствен живот. Факт е дека имаме зголемена емиграција, зашто сегашните политики не дадоа резултати. Имаме неколку иницијативи за младите, имаме национални планови, субвенции, но за жал и зголемување на бројот на нивна миграција, додава Дамо.

Телевизијата посочува дека  иако соочена со фундаментален структурен проблем на пазарот на трудот, Банката на Албанија  предвидува зголемување на вработеноста, намалување на невработеноста, како и инфлација во рамките на поставената цел од 3 отсто. 

Маркетинг
Ad 3
Ad 3