Connect with us

Скопје

Завршен проектот за базенот во рамките на училишниот двор на ОУ „Невена Георгиева“ во Кисела Вода

Владата соопшти дека завршен е проектот за отворање на базенот во рамките на училишниот двор на ОУ „Невена Георгиева“ во Општина Кисела Вода.

Со реализацијата на проектот, како што информираат од владината прес-служба, е обезбеден нов и современ простор за спорт, рекреација и едукација на учениците, кој придонесува за развој на здрави навики и активен животен стил.

-Воедно, се унапредува училишната инфраструктура и се создаваат подобри услови за квалитетно образование и целосен развој на учениците. Проекти за трајна промена – темели за сигурна иднина, посочуваат од Влада. 

Маркетинг
Ad 3
Ad 1