Connect with us

Регион

Владата на Србија и СПЦ потпишаа Меморандум за основање Универзитет „Свети Сава“

Владата на Србија денеска го усвои текстот на Меморандумот за разбирање со Српската православна црква за соработка во основање на Универзитет „Свети Сава“.

Како што е наведено во соопштението, Владата го усвоила Меморандумот имајќи ја предвид потребата од континуирано подобрување на образовниот систем и подигнување на неговиот квалитет во согласност со принципите на знаење, образование и морал.

Тој Универзитет е основан со намера соработката на државата и Црквата во областа на високото образование да се темели на заедничка одговорност за развој на знаењето, зачувување на основните вредности на поединецот и општеството и негување на културното и духовното наследство, соопшти Владата на Србија.

Маркетинг
Ad 3
Ad 1