Connect with us

Скопје

Одбележани 161 година од раѓањето на Ѓорче Петров, оддадена почит пред неговиот споменик во истоимената општина

По повод 161-годишнината од раѓањето на Ѓорче Петров, делегација на Општината Ѓорче Петров предводена од градоначалникот Александар Стојкоски оддаде почит со полагање цвеќе пред неговиот споменик во реонскиот парк.

Градоначалникот Стојкоски посочи дека делото на Ѓорче Петров претставува вредносна насока и денес, особено во процесот на развој и унапредување на локалната заедница.

– Ѓорче Петров не е само историска личност, туку име што нè упатува на одговорност, посветеност и работа во интерес на граѓаните. Неговото дело е поттик да продолжиме да градиме општина со подобри услови за живот, со фокус на младите, образованието и еднаквите можности за сите, истакнал Стојкоски.

Од Општината нагласуваат дека заедништвото и солидарноста се клучни во градењето стабилна и просперитетна заедница.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1