Вести
Муцунски на виртуелен состанок на министри за надворешни работи од Европа, тема поморскиот коридор во Ормуската Теснина
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево, на покана на британскиот министер за надворешни работи, Ивет Купер, учествуваше на виртуелен состанок на кој присуствуваа повеќе од 30 министри за надворешни работи од Европа и светот, соопшти МНР и НТ.
Состанокот бил посветен на координација на меѓународните напори за обезбедување на слободата на навигација и повторно отворање на клучниот поморски коридор во Ормуската Теснина, во услови на зголемени безбедносни ризици и нарушувања на глобалните енергетски и трговски текови.
април 3, 2026

