Connect with us

Вести

Нацрт-верзиите на пакет-законите за високо образование поставени на ЕНЕР, по усвојувањето од Владата, ќе бидат проследени во Собранието

Нацрт-верзиите на предлог-законот за високо образование, предлог-законот за обезбедување квалитет во високото образование и науката и предлог-законот за научноистражувачка дејност се поставени на владиниот ЕНЕР-систем.

– Во нив се интегрирани сите конструктивни и прифатливи предлози на академската заедница и експертската јавност, изнесени на организираните јавни дебати, многуте состаноци, отворените електронски адреси и преку ЕНЕР-системот. Претстои усогласување на предлог-законските решенија со другите засегнати институции и тела и по усвојување од страна на Владата, следува собраниска процедура на усвојување – информира Министерството за образование и наука.

Во објава на својата веб-страница МОН им се заблагодари на „сите фактори што дадоа придонес во изработката на најдобрите верзии на новите законски решенија“.

– Тие се одговор на повеќегодишниот пад на квалитетот на високото образование и неактивноста на науката во Македонија, но и одговор на потребите на новото време. Грижата за образованието останува наша заедничка општествена одговорност – наведува МОН.

Маркетинг
Ad 2
Ad 3