Connect with us

Вести

Средба Гаши – Милатовиќ: Билатералните односи претставуваат пример за добрососедска соработка во регионот

Актуелните регионални прашања и можностите за продлабочување на билатералната соработка биле теми на разговор на денешната средба на на претседателот на Собранието Африм Гаш со црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ.

Собранието, како што се наведува во соопштението, денеска било домаќин на Милатовиќ, во рамките на неговата официјална посета на земјава, со која се потенцира важноста на парламентарниот дијалог и регионалната соработка.

Посетата започнала со тет-а-тет средба во Кабинетот на претседателот на Собранието Гаши, а по завршувањето на средбата Милатовиќ се обрати пред пратениците во законодавниот дом, истакнувајќи ја значајноста на меѓусебната соработка и зацврстувањето на пријателските односи меѓу двете земји.

-Нашите две земји ги поврзува искрено пријателство, меѓусебна почит и заедничка посветеност на европските вредности, изјавил Милатовиќ и додал дека билатералните односи претставуваат пример за добрососедска соработка во регионот.

Во соопштението се додава дека било потенцирано и дека постои значителен потенцијал за унапредување на економската соработка и зголемување на трговската размена, особено во туризмот, земјоделството, транспортот и дигиталната економија.

-Посетата на црногорскиот претседател е во насока на дополнително зацврстување на односите и силна порака за регионална соработка и поддршка, соопштуваат од Собранието.

Маркетинг
Ad 2
Ad 2