Connect with us

Економија

Во февруари непроменета просечната камата на депозитите, а просечната камата на кредитите со годишен пад од 0,45 п.п.

Во февруари годинава просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 4,73 проценти и се задржа на нивото од претходниот месец, додека на годишна основа се намали за 0,45 процентни поени (п.п). Просечната каматна стапка на вкупните депозити забележа месечен пад од 0,01 п.п., а на годишна основа е непроменета и изнесува 2,19 проценти, информира Народната банка (НБ).  

– Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити , во февруари, бележи месечен и годишен раст од 0,22 п.п. и 0,06 п.п., соодветно и изнесува 4,69 проценти. Просечната каматна стапка на новопримените депозити забележа месечно зголемување од 0,08 п.п., додека на годишно ниво не оствари промена и изнесува 2,41 проценти, соопшти НБ.

Во февруари, се нагласув аво соопштението од НБ, просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор остана на истото ниво од 4,35 проценти како и претходниот месец. Во споредба со февруари минатата година, оваа каматна стапка е пониска за 0,47 п.п.

-Каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор, во февруари, забележа месечно зголемување од 0,35 п.п. и изнесува 4,62 процента. Промената е резултат на повисоките каматни стапки на денарските кредити без валутна клаузула и на каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,42 п.п. и 0,15 п.п., соодветно), во услови на пад на каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,22 п.п.). Годишниот раст на каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор изнесува 0,17 п.п., прецизираат од НБ

Во февруари, додаваат, просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор се зголеми за 0,02 п.п. на месечна основа и изнесува 2,73 проценти.

-Притоа, растот произлегува од зголемувањето на каматните стапки на депозитите во странска валута и на каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,05 п.п. и 0,01 п.п., соодветно), додека каматните стапки на денарските депозити со валутна клаузула не забележаа промена. На годишно ниво, оваа каматна стапка оствари раст од 0,02 п.п., велат од НБ

 Каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор, како што велат, во февруари бележи месечно зголемување од 0,45 п.п. и изнесува 2,49 проценти.

-Нагорната промена во целост се должи на растот на каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,68 п.п.), при пад на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,29 п.п.), а во услови на непроменети каматни стапки на денарските депозити со валутна клаузула. Каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор не оствари промена на годишна основа, се посочува во соопштението од НБ.

Во февруари, нагласуваат, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата изнесува 5,1 проценти и забележа намалување од 0,01 п.п. на месечно ниво. Промената е резултат на намалените каматни стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,03 п.п. и 0,02 п.п., соодветно), додека каматните стапки на кредитите во странска валута се непроменети. Оваа каматна стапка бележи годишно намалување од 0,43 п.п.

-Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата, во февруари, изнесува 4,76 проценти, што претставува месечен раст од 0,09 п.п. Притоа, зголемувањето произлегува од повисоките каматни стапки на кредитите во странска валута (за 0,01 п.п.), при забележан пад на каматните стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,06 п.п. и 0,02 п.п., соодветно). На годишна основа, каматната стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата е пониска за 0,05 п.п., посочуваат од НБ

Во февруари, додаваат, каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата бележи месечно намалување од 0,01 п.п. и изнесува 2,12 процента.

-Падот во целост се должи на намалените каматни стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,02 п.п.), при зголемени каматни стапки на денарските депозити со валутна клаузула (за 0,03 п.п.) и непроменети каматни стапки на депозитите во странска валута. Оваа каматна стапка не оствари годишна промена, истакнуваат од НБ.

 Во февруари, како што посочуваат од НБ, каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата изнесува 2,38 проценти и е зголемена за 0,01 п.п. на месечна основа.

-Анализирано по валута, растот е резултат на зголемените каматни стапки на депозитите во странска валута (за 0,06 п.п.), во услови на пад на каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,03 п.п.). Овој месец, кај банките и штедилниците не се евидентирани новопримени денарски депозити со валутна клаузула. Каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата не забележа промена во споредба со февруари минатата година, се нагласува во соопштението од Народната банка.

Маркетинг
Ad 3
Ad 2