Connect with us

Скопје

В среда „Априлијада“ во ГТЦ Скопје

Во Градски трговски центар А.Д. Скопје в среда на 1 април ќе се одржи традиционалната детска манифестација „Априлијада“ во организција на ЈУ Детски културен центар „Карпош“ под покровителство на Град Скопје.

Во рамки на програмата, ќе има ревија на маскирани деца од градинки, ученици од основни училишта со танцови точки кои ќе ја збогатат атмосферата со динамични и ритмички кореографии. Програмата продолжува со настапи на балетската секција при Детскиот културен центар – Карпош пропратена од солисти – деца изведувачи на песните од ЗОО Азбука, балетското студио Бреак А Лег и Марбал и Златните славејчиња. Театар за тебе ќе има своја уникатна изведба.

-Посебна атракција за посетителите ќе бидат настапите на кловнови, маскоти од познати цртани филмови како и пантомимичар, кои преку интерактивна забава и хумор ќе создадат вистинска карневалска атмосфера и ќе ја раздвижат публиката. За крај на програмата публиката ќе има можност да ужива во уникатната изведба на сегменти од познатиот детски мјузикл „Аладин и волшебната ламба“ изведени на македонски јазик од студиото за деца и младинци Бродвеј јуниор, информираат од ЈУ Детски културен центар „Карпош“

Настанот, како што велат, е наменет за деца, родители и поширока јавност, а има за цел да ја поттикне детската креативност, уметничкиот израз и духот на сплотеност преку музика, танц, театар и хумор

Маркетинг
Ad 1
Ad 3