Connect with us

Свет

Тихановскаја до ЕУ: Укинувањето на санкциите против Белорусија е погрешен пристап

Лидерката на белоруската опозиција во егзил, Светлана Тихановскаја, оцени дека олеснувањето на санкциите на Европската Унија против нејзината земја е „погрешен пристап“ и ги отфрли повиците на САД до европскиот блок да преземе таков чекор, пренесува ДПА.

Тихановскаја од Вилнус порача дека опозицијата е во постојан контакт со американските партнери, барајќи од нив да не вршат притисок врз членките на ЕУ, а особено врз Литванија, за укинување на европските санкции.

– Јасно е дека укинувањето на санкциите против калиумовите ѓубрива само би го зајакнало режимот и би обезбедило дополнителни средства за репресии и за војната во Украина – истакна таа.

Ваквата реакција доаѓа по изјавите на специјалниот пратеник на САД, Џон Коул, кој неодамна ја повика Литванија да го обнови транзитот на белоруските ѓубрива и да одржи состанок на високо ниво со властите во Минск. Коул спомена и дека течат подготовки за евентуална посета на белорускиот лидер Александар Лукашенко на Вашингтон.

Американскиот претседател Доналд Трамп, пак, на својата платформа „Трут соушл“ (Truth Social) објави дека со нетрпение очекува да учествува на следната средба на својот Совет за мир заедно со Лукашенко.

Белорусија, како еден од водечките светски производители на ѓубрива, веќе ја обнови трговијата со САД, откако Вашингтон ги олесни санкциите во замена за ослободување политички затвореници. Од друга страна, ЕУ неодамна ги продолжи своите казнени мерки против Белорусија за уште 12 месеци.

Маркетинг
Ad 1
Ad 2