Connect with us

Фудбал

„Случајот Сала“, по седум години, доби судска разрешница

Седум години по авионската несреќа во која загина фудбалерот Емилијано Сала, францускиот трговски суд денеска донесе конечна одлука со која го отфрли барањето на Кардиф Сити за отштета, со што заврши повеќегодишниот спор меѓу велшкиот клуб и француски Нант.

Аргентинецот Сала загина во јануари 2019 година кога авионот „Пајпер Малибу“ со кој патуваше од Франција до Велс, откако договори трансфер од Нант во Кардиф, се урна во Ламанш во близина на островот Гернзи. Пилотот Дејвид Иботсон, исто така, загина во несреќата.

По трагедијата, Кардиф ја оспори валидноста на трансферот, додека ФИФА утврди дека сите потребни документи за регистрација биле правилно поднесени.

Во процесот, Кардиф побаруваше исплата на повеќе од 120 милиони евра од Нант, но судот во пресудата наведе дека францускиот клуб не е одговорен за околностите што доведоа до трагедијата и оти нема основа за наводната штета на угледот.

Судот процени дека претходните одлуки на други судски и спортски институции веќе ги разгледале клучните аспекти на случајот, додека Нант, според образложението, претрпел одредена морална штета.

Поради исходот од постапката, Кардиф е должен да плати 300.000 евра отштета, како и дополнителни 180.000 евра судски трошоци.

Маркетинг
Ad 2
Ad 1