Connect with us

Регион

Рама: Процесот кон ЕУ е историски, ја трансформира албанската држава во целина

Албанскиот премиер Еди Рама, за време на својот говор на конференцијата со владините преговарачи за патот на неговата земја кон ЕУ, изјави дека процесот е историски и ја трансформира албанската држава во целина.

“Овој процес значително го зголемува институционалниот капацитет на државата. Процесот има извонредни придобивки и е незаменлив. Овој процес е историски бидејќи ја трансформира албанската држава, ги зголемува институционалните капацитети, доведува до зголемување на правниот поредок, изјавил Рама, објавија медиумите.

Понатаму, тој додаде, овој процес дефинитивно ги консолидира правосудните институции кои преминаа во друга фаза и ја имаат независноста што никогаш ја немале.

-Нивниот професионализам мора да се зголеми, тие мора да го зголемат квалитетот на своите услуги. Овој процес обезбедува борба против корупцијата. Да се спречи корупцијата и активностите што се одвиваат во сиви зони, рече тој.

Рама посочи дека 2027 година треба да ја затекне Албанија со завршени капацитети за пристапување во ЕУ. 

Тој, меѓу другото, рече дека е постигнат голем напредок во јавните обвинителства, но додаде дека тие сè уште не се во рамките на добар напредок.

Според него “предизвик над предизвиците е безбедноста на храната и заштитата на потрошувачите воопшто”, нагласувајќи дека “реформата на инспекцискиот надзор треба да продолжи со другите инспекторати за да се гарантираат квалитетни човечки ресурси”.

Маркетинг
Ad 3
Ad 2