Connect with us

Општини

Превентивната кампања во Кочани: Не биди нем сведок – пријави насилство!

Одделението за внатрешни работи од  Кочани и Општина Кочани, денеска заеднички реализираа дел од превентивната кампања за подигање на јавната свест за борба против насилството.

Под мотото „Не биди нем сведок – пријави насилство“, на неколку локации во Кочани службени лица на ОВР поделија летоци со едукативна содржина за постапки против насилство врз жените.

На средбите, граѓаните кратко беа информирани за формите на насилство, начините за препознавање и самозаштита. Беше истакната неопходноста од соработка со надлежните институции и навремената комуникација со полицијата, пред сѐ, преку брзото пријавување на бројот 112. 

Маркетинг
Ad 2
Ad 4