Connect with us

Политика

Попов: СДС го прифаќаше секој предлог за обезличување и национално плакнење на Македонија

Сергеј Попов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, синоќа беше гостин во Анализа на телевизија 24, каде говореше на темата за европската интеграција на земјава за што истакна дека поради работите кои владата на СДС ги прифати, моменталните преговори сега, како што вели тој, нема да изгледаат како преговори туку како преговори за историски настани, а ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека мора да се има предвидливост.

,,Во оваа моментална ситуација со овие моментални работи, коишто СДС во претходната влада ги прифати, нашите преговори нема да изгледаат како преговори од област во област или од кластер во кластер, туку ќе изгледаат како преговори од историски настан до историски настан, од битка до битка, од револуционер до револуционер, каде што нашите историчари во име на нашите евроинтеграции ќе треба да капитулираат и да прифаќаат ретуширање на македонската историја“, вели Попов.

Попов истакна дека доколку се започнат преговорите ќе завршат на првата идентитетска одлика на македонскиот народ, а како што вели тој, ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека за да се случи нешто на патот кон ЕУ мора да има предвидливост за истото.

,,Да бидеме јасни, вечерва да се усвојат уставните измени, преговорите нема да завршат никаде, односно ќе завршат на првата битка, на првиот револуционер или на првата идентитетска одлика на македонскиот народ со којшто бугарските политичари или бугарските историчари не се согласуваат“, рече Попов и додаде:

,,Затоа ставот на ВМРО-ДПМНЕ и пред изборите, а и сега, е дека уставни измени, само кога ќе имаме предвидливост што после уставните измени. Ние не можеме да си дозволиме да бидеме во тој процес вечно, и вечно да се обезличуваме и да се плакнеме национално без да знаеме каде ќе стигнеме“.

Маркетинг
Ad 1
Ad 4