Connect with us

Скопје

Општина Ѓорче Петров набави ново мултифункционално возило со мулчер, кое веќе е на терен

Општина Ѓорче Петров набавила ново мултифункционално возило – специјализиран мулчер, наменет за поефикасна работа на терен и подобро одржување на јавните зелени површини, кое е веќе ставено во употреба.

-Воведуваме поодржлив пристап кон животната средина – преку мулчирање, процес со кој органската маса се враќа во почвата, придонесувајќи за нејзино природно збогатување и намалување на отпадот. Во таа насока, набавено е ново мултифункционално возило – специјализиран мулчер, наменет за поефикасна работа на терен и подобро одржување на јавните зелени површини, пишува градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Стојкоски на својот фејсбук профил.

Додава дека возилото ќе овозможи побрзо косење и уредување – без чекање, помалку отпад – тревата и гранките се враќаат во почвата, како и порамни и поубави зелени површини за сите.

Набавката на ова возило пишува Стојкоски, е дек од конкретните чекори што носат видлива разлика на терен – почисто, поуредено и пофункционално Ѓорче Петров.

Маркетинг
Ad 4
Ad 4