Connect with us

Култура

Охридската библиотека го реализираше проектот „Книгата поблиску до старите лица“

Охридската Градска библиотека минатата седмица го реализираше проектот „Книгата поблиску до старите лица“.

Во рамки на активностите вработени од библиотеката беа во посета на Геријатриското одделение на Општата болница, како и на Здружението на пензионери од општините Охрид и Дебрца, при што се донирани книги што ќе послужат како основа за формирање интерни библиотеки.

Остварени се средби и со дел од членовите на Програмата за грижа за стари лица „Најди време“ при Црвен крст од Охрид.

Притоа на присутните им се подарени донирани книги, а им е продолжено за уште една година и бесплатното членство во Библиотеката „Григор Прличев“. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 1