Свет
Мерц: Околу 80 отсто од Сиријците во Германија треба да се вратат во татковината во следните три години
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека 80 отсто од над 900.000 сириски државјани кои моментално престојуваат во Германија треба да се вратат во својата матична земја во рок од три години.
На денешната прес-конференција во Берлин, одржана заедно со сирискиот привремен претседател Ахмед ал Шара, Мерц истакна дека двајцата лидери постигнале согласност за овој план.
Според канцеларот, во текот на „подолг рок од три години“, околу 80 проценти од Сиријците во Германија би требало да се вратат дома, нагласувајќи дека тоа била и желба на претседателот Ал Шара.
– Оние Сиријци кои сакаат да останат во Германија и кои се добро интегрирани, ќе можат да го сторат тоа – додаде Мерц.
Германија беше една од главните дестинации за сириските бегалци за време на разорната граѓанска војна, при што околу еден милион луѓе пристигнаа во земјата додека на власт беше Башар ал Асад. По неговото соборување кон крајот на 2024 година од страна на коалицијата предводена од Ал Шара, во германските конзервативни и десничарски кругови сè почести се барањата за враќање на сириските државјани во нивната татковина, посочува германската новинска агенција ДПА.
март 31, 2026

