Connect with us

Општини

Мечка видена на паркинг во Ростуше, на територијата на НП „Маврово“ има над 180 единки

Кафеава мечка видена е на паркинг-простор во Ростуше, каде што се гледа дека има и присуство на кучиња. Според надлежните, ова е прв ваков случај во последните месеци за разлика од претходно кога мечки беа забележани во неколку села, дури и во дворови на куќи.

– Досега нема пријава на штета предизвикана од мечки. Како и претходно, и за последниот случај ги презедовме сите законски мерки. Веќе ги имаме информирано соодветните министерства – за земјоделство, шумарство и водостопанство, за животна средина, како и за внатрешни работи – рече за МИА, Харис Ибраими, директор на Националниот парк „Маврово“.

Додаде дека на територијата на  НП „Маврово“ има над 180 единки и оти се преземаат сите мерки во согласност со европските законски регулативи. 

Не ретко мечки, заедно со мали мечињам можеа да се видат и на регионалниот пат Маврово – Дебар. 

Маркетинг
Ad 3
Ad 3