Connect with us

Свет

Кина го лансира најголемиот товарен дрон од седум тони

Кина успешно го спроведе првиот лет на целосно домашно создаден товарен дрон „Норинко луца“, тежок седум тони, што претставува најголемо логистичко беспилотно летало на светот за транспорт на мали височини.

Леталото полета од писта долга 200 метри во провинцијата Хенан и за време на 30-минутниот прв лет ги тестира клучните системи, вклучувајќи ги авиониката, електромеханичките системи, погонските и горивните системи, пренесе „Глобал тајмс“ (Global Times).

„Норинко луца“ може да носи максимален товар од 3,5 тони и располага со товарен простор од 18 кубни метри овозможувајќи транспорт на разни видови стока, од механички компоненти до медицински потрошен материјал и свежи производи.

Дронот има дострел поголем од 3.000 километри при целосно оптоварување, може да полета и да слета од кратки писти и користи интелигентен систем за координација на повеќе летала, што овозможува логистички операции 24 часа во неделата.

Модуларниот дизајн на леталото овозможува брза адаптација за разни мисии, вклучувајќи вонредни ситуации, гранична патрола и електронско извидување.

Главниот конструктор Генг Ѓијанжунг рече дека „Норинко луца“ отвора нови можности за интегриран транспорт земја – воздух и го означува влезот на кинеската технологија за тешки товарни дронови во водечките светски рангови. 

Маркетинг
Ad 2
Ad 3