Connect with us

Скопје

Ѓорѓиевски: Почнавме широка и сеопфатна акција за реконструкција на пешачките патеки во Скопје

Широка и сеопфатна акција за реконструкција на пешачките патеки во Скопје почнавме денеска со цел побезбеден, поуреден и помодерен јавен простор за сите граѓани – информира скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на неговата фејсбук-страница.

– Активностите почнаа на булеварот Партизански одреди, на потегот од мостот „Обединети нации“ до пешачкиот мост „Влае“, на површина од 1.200 квадратни метри. Оваа делница добива целосно нов лик – пешачка патека со ширина од четири метри, комплетно реконструирана и современо уредена, со нова подлога, подобрена пристапност, уредени рабници и зголемена безбедност за сите учесници во сообраќајот. Важно е да се напомене дека токму оваа патека беше една од најбараните од граѓаните имајќи предвид дека станува збор за исклучително фреквентна зона што со години беше во сериозно лоша состојба – соопшти градоначалникот.

Со оваа интервенција, нагласи тој, конечно се става крај на сликите на запуштеност и небезбедност.

– Ваквите слики стануваат минато. Продолжуваме со интензивна реконструкција на пешачките патеки и велосипедската инфраструктура, но и со изградба на нови современи решенија затоа што скопјани заслужуваат функционален, уреден и европски град, што ги става луѓето и нивното секојдневие на прво место – напиша градоначалникот на „Фејсбук“.

Маркетинг
Ad 2
Ad 4