Connect with us

Вести

Филков: Правдата мора да биде видлива – реформите носат резултати

По повод 31 Март – Денот на македонското правосудство – министерот за правда Игор Филков упати честитка до сите носители на правосудните функции и до сите вработени во правосудниот систем.

– Овој ден е потсетник дека правдата не е само принцип, туку обврска кон граѓаните, кон државата и кон иднината. Вие, како судии, јавни обвинители, адвокати, нотари и извршители, ја носите оваа одговорност секој ден со вашата работа и со вашите одлуки – истакнува Филков во честитката.

Силно и независно правосудство, како што посочува, е основа на секое демократско општество. – Затоа мораме заеднички да продолжиме да градиме систем што ќе биде отпорен на влијанија, ефикасен во постапките и доследен во примената на законот – нагласува Филков.

Тој посочува дека како министер за правда останува целосно посветен на реформите што значат вистински промени – подобри закони, поголема транспарентност, дигитализација и јакнење на интегритетот во системот.

– Ова не се само процеси, туку чекори кон враќање и зацврстување на довербата. Правдата не смее да биде бавна, ниту селективна. Таа мора да биде сигурна, доследна и еднаква за сите. Честит Ден на македонското правосудство. Одговорноста е заедничка – резултатите мора да бидат видливи – порача министерот Филков.

Маркетинг
Ad 3
Ad 1