Connect with us

Сервисни информации

Циклон носи обилни врнежи од дожд, ветер и снег на планините

Под влијание на циклонска активност, утре и в четврток во Северна Македонија се очекуваат врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни, над 20 литри на квадратен метар, односно над 30 литри в четврток, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Поради продор на постудена воздушна маса, на повисоките места и планините дождот ќе преминува во снег. Утре и в сабота ќе дува засилен, повремено силен ветер, кој локално ќе достигнува брзина и над 70 километри на час.

В петок и в сабота времето ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд, а од недела се очекува стабилизација на времето и пораст на температурите.

Маркетинг
Ad 4
Ad 3