Connect with us

Свет

Американски специјалци распоредени на Блискиот Исток

Стотици припадници на специјалните сили на американската армија пристигнале на Блискиот Исток, јавуваат американските медиуми. 

Според објавите на „Њујорк тајмс“ и на Си-би-ес, кои се повикуваат на воени извори и лица запознаени со операцијата, распоредувањето вклучува припадници на „ренџерите“, елитни единици на копнените сили на САД, како и единици на морнаричките „фоки“,

Новопристигнатите сили им се придружуваат на илјадниците маринци и падобранци веќе распоредени во регионот.

Според овие извори, американските сили би можело да бидат ангажирани во мисии за повторно отворање на Ормуската Теснина, преземање на контрола врз клучниот ирански извозен нафтен центар на островот Харг или во акции за обезбедување на високо збогатен ураниум.

Последните денови растат шпекулациите за можен копнен напад на САД врз Иран.

Американскиот претседател Доналд Трамп јавно го повика Техеран на дипломатско решение за конфликтот инициран од САД и Израел, истовремено предупредувајќи на можноста од понатамошна воена ескалација.

Маркетинг
Ad 3
Ad 2