Connect with us

Општини

Амбасадорката на Јапонија во посета на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“

Амбасадорката на Јапонија, Сецуко Кавахара, денеска беше во посета на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)– Штип, каде одржа предавање на Правниот факултет.

-Посетата започна со средба со ректорот на УГД-Штип, Дејан Мираковски, на која се разговараше за нови можности за соработка меѓу УГД и јапонските институции, соопштија од УГД-Штип.

Деканката на Правниот факултет при УГД-Штип проф. д-р Билјана Тодорова истакна дека ваквите настани се од големо значење.

-Студентите имаат ретка можност да слушнат странски дипломат, да поставуваат прашања и директно да се запознаат со меѓународните односи- вели Тодорова.

Амбасадорката Кавахара на предавањето пред студентите од Правниот факултет говорела за надворешната политика на Јапонија, со цел студентите подетално  ги разберат приоритетите и пристапот на земјата во светската политика.

Маркетинг
Ad 2
Ad 2