Фудбал
Зајков: Нема пријателски натпревар – да покажеме добра игра во Даблин
Македонската фудбалска репрезентација денеска отпатува за Даблин, каде во вторник ќе одигра пријателски дуел против репрезентацијата на Република Ирска. Поразот во баражот во Данска сè уште е болна тема за македонските фудбалери.
Данска покажа дека е квалитетен ривал. По примениот гол имавме неочекуван пад и сега мора да се фокусираме и тоа да го отстраниме. Ни претстои дуелот со Република Ирска – пријателски натпревар нема. Треба да покажеме добра игра и дека ја заборавивме Данска. Важно е добро да одиграме и заради квалификациите кои ни претстојат, изјави Ѓоко Зајков.
Натпреварот против Република Ирска македонските фудбалери го играат во Даблин на 31. март со почеток во 20:45 часот.
март 30, 2026

