Connect with us

Сервисни информации

Водата во Скопје е безбедна за пиење

Водата на скопската територија е квалитетна и безбедна за пиење, соопштија утрово од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.

Јавното претпријатие го објави неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите, спроведени во Секторот за санитарна контрола.

– Секторот за санитарна контрола во периодот од 23 до 27 март зема 186 примероци за физичко-хемиска и 186 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 42 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, информираа од јавното претпријатие.

Маркетинг
Ad 3
Ad 3