Општини
Во Штип почна новиот режим за наплата на паркинг
Нов режим за наплата на паркинг од денеска има во Штип, поради летното сметање на времето, информираат од ЈП „Стипион“-Штип. Во соопштението се наведува дека наплатата од понеделник до петок ќе се врши во периодот од 7 до 21 часот.
-Поради започнување на летното сметање на времето, ве информираме дека од 30.03.2026 (понеделник) ќе има промена во времето за наплата на паркинг во Општина Штип. Од понеделник до петок, наплатата ќе се врши во периодот: 7:00 – 21:00 часот, а во сабота – наплатата останува непроменета: 7:00 – 15:00 часот“, се вели во соопштението од ЈП „Стипион“.
Во него се апелира граѓаните да го почитуваат новиот распоред и навремено да ја регулираат наплатата за паркирање на обележаните паркинг места низ централното градско подрачје.
март 30, 2026

