Свет
Украинскиот дрон што падна во Финска носел бојна глава
Украинскиот дрон што вчера се урна во Финска носел неексплодирана бојна глава – објави денеска финската полиција.
Финска вчера соопшти дека два украински дрона паднале на југоистокот од земјата, првпат од почетокот на војната меѓу Русија и Украина.

„Дронот што падна северно од Кувола е пронајден и, според прелиминарните резултати, носел неексплодирана бојна глава“, објави полицијата.
Леталото подоцна било уништено во контролирана експлозија, а било идентификувано како голем украински дрон „AN196“, што има распон на крилјата од 6,7 метри и е долг 4,4 метри.
март 30, 2026

