Connect with us

Регион

Скендер Хита, нов генерален директор на албанската полиција

Албанската влада на денешната седница за нов генерален директор на албанската полиција го назначи Скендер Хита, актуелен директор на локалната полициска управа во Фиер, објави министерот за внатрешни работи Бесфорт Ламалари, наведувајќи дека „оваа одлука е заснована на заслуги, професионализам и интегритет“.

„Денеска, на седница на Влада, ја одобривме одлуката со која Скендер Хита е назначен за  генерален директор на државната полиција. Тој имаше највисока оценка меѓу кандидати кои беа пријавени за конкурсот, демонстрирајќи извонредно искуство, јасна стратешка визија и непоколеблива посветеност на законот и граѓаните, напиша Ламалари во објава на Фејсбук.

Нагласува дека државната полиција има клучна улога во гарантирањето на јавниот ред и безбедност и затоа, нејзиното лидерство бара не само професионални вештини, туку и чесност, етика и висока јавна одговорност.

„Убеден сум дека, под негово водство, државната полиција ќе продолжи да ги зајакнува своите перформанси, да ја зголемува довербата кај граѓаните и да ја исполнува својата мисија со посветеност во служба на безбедноста и владеењето на правото. Тој е со долга кариера изградена врз професионализам, интегритет, посветеност и конкретни резултати, длабински ја познава секоја структура и секоја алка на оваа институција“, напиша тој.

Хита доаѓа на местото на Илир Прода, кого премиерот Еди Рама го разреши на 1 март заедно со директорот на управата на полицијата за Тирана, Елтон Аљуши. Разрешувањето на двајцата високи полициски раководители според образложението беше   дека „за протестите на опозицијата, посебно на оној на 28 февруари, не презеле соодветни мерки и не успале да го обезбедат јавениот ред и мир“.

Маркетинг
Ad 4
Ad 4