Тенис
Синер го освои Мајами опен
Италијанскиот тенисер Јаник Синер го победи Чехот Јиржи Лехечка синоќа во финалето на мастерсот во Мајами. Мечот траеше 1 час и 34 минути и заврши со резултат 6:4 и 6:4.
Дваесет и четиригодишниот Синер (рангиран број 2 во светот) сервира 10 аса, направи една двојна грешка и реализира две од 11 брејк топки.
Неговиот 24-годишен противник (рангиран број 22 во светот) сервира пет аса, не направи ниедна двојна грешка и не реализира нитуедна од трите брејк топки.
Ова беше 26-та титула во кариерата на Синер и негова седма во категоријата АТП 1000. Тој го комплетира „сончевиот дабл“ со освојување Индијан Велс и Мајами опен истата година.
Лехечка го играше своето прво финале на мастерс 1000-турнирите.
март 30, 2026

