Connect with us

Вести

Николоски: Реконструкцијата на аеродромот во Охрид значи повеќе патници, развој на туризмот и бизнисот во регионот

Проширувањето и надграбата на охридскиот аеродром ќе донесе нови 4.500 метри квадратни фунционален простор. Тоа значи можност за опслужување многу повеќе патници, но и да овозможи подобра поврзаност и во тааа насока и развој на туризмот и бзнисот во регионот. Тоа го истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николовски, денеска во Охрид каде заедно со премиерот Христијан Мицкоски присуствуваше на започнувањето на реконструкцијата на охридскиот аеродром.

Николовски истакна дека постојат и други инвестиции во таа насока, како што се инвестициите во МНАВ, поврзани со безбедноста на небото и контролата на летање каде веќе е интегриран еден радарски систем веќе е интегриран и работи тука, а интензивно се работи на на скопскиот аеродром. 

Николовски уште потсети дека изградбата на автопатот Охрид – Кичево што е дел од Коридорот 8, во делот од Охрид до аеродромот е веќе завршена и од градот се пристигнува за пет минути. Тој посочи дека тој зафат и изградбата на клучката на автопатот кај аеродромот дополнително ќе го олесни пристапот на патниците, дотолку повеќе што сите што патуваат со авион гледаат колку се аеродромите оддалечени до местото каде треба да стигнат.

Министерот за транспорт нагласи дека со поддршка на претседателот на Владата воведена е нова политика на привлекување нови дестинации преку субвенционирање, прилагодена на потребите на новото време.

– Веќе резулатите ги имаме и тоа во две насоки – првата дека имаме 24 нови дестинации од двата аеродроми и втората, за мене исто  толку значајна, што веќе почнуваат да се воспоставуваат дестинации без субвенции. Тоа значи дека политиката на правање атрактивни на овие два аеродроми веќе креира состојби авиокомпаниите да отворааат дестинации и без да бараат субвенции од државата, рече тој. 

Најдобра потврда на тоа, рече, е што е бројот опслужени патници, со поминати над три милиони патници само на скопскиот аеродром.

– Оваа година очекувам над 3,5 милиони патници на двата аеродроми, а веќе следната година ќе таргетираме над четири милиони  патници, што многу ќе значи за целата држава, имајќи предвид дека сме држава од 1,8 милиони жители. За држава која нема излез на море, навистина двата ародроми имаат одличен перформанс, рече Николовски. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 3