Connect with us

Општини

На штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ промовирани 16 доктори на науки

На Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип денеска беа промовирани 16 доктори на науки. Ректорот на УГД-Штип, Дејан Мираковски рече дека најголем дел од промовираните доктори на науки се од областа на медицинските науки, односно во областа на клиничка и базична медицина и стоматологија, еден на Факултетот за туризам и бизнис логистика и еден на Факултетот за природни и технички науки. Мираковски посочи дека интерес за наука има, а тие како универзитет прават напори за подобро образование. 

– Ние како институција се трудиме да им овозможиме соодветни услови за истражување, да го поддржиме тоа истражување од сите аспекти, и од ресурси, па дури и материјално да се обезбедат средства за тие истражувања. Јас мислам дека е многу важно да имаме поквалитетен и поголем број на научници кои ќе ги решаваат проблемите – изјави Мираковски. 

Габриела Димова специјалист радиолог вели дека со титулата доктор на науки се проширува знаењето, но и можностите кои ги имаат пред се лекарите.

– Докторирав од областа на радиологијата. Мојата докторска десиртација беше насочена кон следење на онколошките пациенти – вели Димова.

 По повод одбележувањето на 19 години од постоењето на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ во изминатите денови се реализираа низа настани, концерт, ораторска вечер, свечена академија, а денеска промоција на доктори на науки.

Маркетинг
Ad 4
Ad 1