Connect with us

Тенис

Лехечка по поразот од Синер: Видов дека имам простор за подобрување

Чешкиот тенисер Јиржи Легечка го коментираше поразот од Италијанецот Јаник Синер во финалниот натпревар на Мајами опен.

Чехот синоќа загуби со 2-0, во двата сета беше 6:4 за Синер.

– Мислам дека натпреварите како денешниот ми покажуваат дека сè уште имам многу, многу, потенцијал за подобрување. Играв, според мене, многу добар турнир тука. Задоволен сум од моите настапи. Но, денес повторно видов дека можам подобро и дека навистина треба да продолжам напорно да работам ако сакам да ги победам таквите момци во завршните фази на големите турнири како Мастерс и Гренд слем.
Одржувањето на моето клучно оружје активно во текот на овие натпревари беше нешто на кое работев во последните неколку недели и месеци. Секако, би сакал да го држам мојот сервис на ниво цела година, но тоа е невозможно. Јаник се враќаше многу добро и чувствував дека врши сè поголем притисок врз мене во текот на целиот натпревар. Денес играв подобро отколку во Париз, па се фокусирав да не ја направам истата грешка што ја направив тогаш. Тоа значеше да го користам мојот прв сервис како оружје и почесто да доаѓам до мрежата, рече 24-годишниот Лехечка на прес-конференцијата по финалниот меч.

Тој го играше во своето прво финале на АТП 1000 турнирите

Маркетинг
Ad 1
Ad 4