Connect with us

Скопје

Ѓорѓиевски: Сите резиденти на Аеродром ќе може да паркираат на сите зони во општината, без надоместок

За цела општина Аеродром останува да важи старото правило, според кое секој резидент (физички и правни лица) може да се паркира на сите зони на територијата на општината, без да плаќа надоместок како што беше најавено за од 1 април.

Ова е директен одговор на барањата и реакциите на граѓаните и доказ дека нивниот глас не само што се слуша, туку и се почитува. Нашиот народ е секогаш во право, објави градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски на Фејсбук.

Тој соопшти дека на директорот на ЈП „Градски паркинг“ му е дадена насока, во Реонскиот центар во Аеродром, каде што се воведува зоната D12, да остане да важи старото правило.

Секој резидент – физички и правни лица, ќе може да се паркира на сите зони на територијата на општината без да плаќа надоместок, како што беше најавено претходно. И ова правило останува да важи за цел Аеродром. Паралелно, во тек е подготовка за воведување нова зона за паркирање во Ново Лисиче. Веќе се поставува соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација, по што ќе следува и поставување информативни табли. Со ова ќе се обезбедат вкупно 2719 паркинг-места кои ќе бидат конкретно решение за реалниот проблем, наведува скопскиот градоначалник.

Ѓорѓиевски посочува и дека се унапредува дигитализацијата, така што од 1 април 2026 граѓаните ќе може електронски да поднесуваат барања за дозволи преку платформата „moj.parking.mk“, за сите паркиралишта под надлежност на „Градски паркинг“ – зонско паркирање, паркиралиштата со рампа и катните гаражи.

Дополнително, овозможено е и онлајн плаќање на месечни и годишни дозволи, со што процесот станува побрз, поедноставен и достапен за сите, соопшти Ѓорѓиевски.

Маркетинг
Ad 4
Ad 2