Фудбал
Франција поуспешна од Колумбија во пријателски натпревар
Во пријателски фудбалски натпревар одигран синоќа во Ландовер, САД, Франција ја победи Колумбија со 3:1.
Дезире Дуе постигна два гола за Франција, 20-годишниот крилен напаѓач постигна гол во 29-та и 56-та минута. Маркус Турам исто така се запиша во листата на стрелци (41. минута), а имаше и едбна асистенција.
Единствениот гол за Колумбија беше дело на Хаминтон Кампас во 77. минута.
На турнејата во САД, Французите во четвртокот го совладаа Бразил со 2:1.
март 30, 2026

