Вести
Црногорскиот претседател Милатовиќ во официјална посета на земјата
Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, утре ќе престојува во официјална посета на Македонија. Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, таа ќе го пречека црногорскиот претседател со највисоки државни и воени почести на церемонија во Вила „Водно“.
Потоа ќе следува тет-а-тет средба на претседателите, како и пленарен состанок на македонската и црногорската делегација. Во рамките на официјалната посета ќе биде потпишан меморандум за соработка помеѓу младинските совети при кабинетите на двајцата претседатели.
Во рамките на посетата на земјата претседателот на Црна Гора утре ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје. На 1 април претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот Јаков Милатовиќ ќе одржат заедничко предавање на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
март 30, 2026

