Connect with us

Свет

Цените на нафтата пораснаа на повеќе од 115 долари за барел

Цените на нафтата денеска надминаа 115 долари за барел при отворањето на берзите во Азија додека продолжуваат воздушните напади во земјите на Блискиот Исток, нешто повеќе од еден месец по почетокот на војната во Иран.

Цената на суровата нафта од марката „брент“ изнесува 115,84 долари, што е зголемување од 2,9 отсто во однос на цената од петокот, пренесува Би-би-си.

Цената на таа нафта за барел беше околу 72 долара пред 28 февруари кога почнаа американските и израелските напади врз Иран.

Минатата недела цената на нафтата од марката „брент“ го достигна својот врв од 118 долари за барел на 19 март, а од петокот попладне беше нешто под 112 долари, што е значително повисоко во споредба со цената пред почетокот на војната.

Маркетинг
Ad 2
Ad 1