Connect with us

Сервисни информации

Без струја делови од Бутел, Кисела Вода и Ѓорче Петров

Поради зафати во електродистрибутивната мрежа без електрична енергија ќе бидат делови од Бутел, Кисела Вода и Ѓорче Петров.

Според информациите од ЕВН Македонија, во периодот од 08 до 12 часот струја ќе немаат објектите на Техномаркет, Старџим и Кам на булеварот „Босна и Херцеговина“ и ВФВ Поликлиника во општина Бутел, а во периодот од 09 до 11 часот, дел од потрошувачите на улицата „Коце Металец“ односно куќите од ул.Зеничка до ул. Гемиџиска во општина Гази Баба.

Во периодот од 09 до 12 часот без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците на улицата „Ваташа“ во Драчево, додека во периодот од 09 до 15 часот, дел од корисниците на улицата „101“ во Волково во општина Ѓорче Петров. 

Маркетинг
Ad 4
Ad 3