Connect with us

Останати спортови

УГД Штип го одбрани трофејот во Купот

Одбојкарите на УГД Штип го освоија третиот трофеј во куп натпреварувањето откако вечерва во финалето го совладаа ГОК Борец со 3:1 во сетови (25:17; 22:25; 32:30 и 23:13). Ова беше трето финале за екипата на Штип што значи дека имаат максимален ефект, додека велешани по петтото финале останаа само со еден трофеј во Купот од 1994 година.

По двата први сета резултатот беше 1:1 во сетови, а како решавачки се покажа третиот сет кога на разлика УГД тип го доби со 32:30. Во третиот сет ГОК Борец не искористи пет сет топки, а УГД ја искористи втората. Во четвртиот сет играта на велешани се распадна и штипјани убедливо го добија сетот.

За најдобар играч на финалето беше прогласен Стојан Илиев од УГД Штип.

Маркетинг
Ad 4
Ad 4