Connect with us

Општини

Спомен-парк во Охрид за борците на Шестата македонска бригада и генералот Михајло Апостолски

Спомен-парк посветен на борците на Шестата македонска бригада од Втората светска војна и на генералот Михајло Апостолски денеска беше отворен во Охрид

Во обраќањето пред присутните на церемонијата во кругот на поранешната касарна, заменик-греадоначалничката на Охрид, Ана Крстеска, истакна дека Спомен-паркот ќе биде одраз на почит кон историските личности кои беа дел од 6-тата македонска бригада и генерал Михаило Апостолски.

-На ваков начин ја оддаваме нашата должна почит кон хероите кои ги испишаа најсветлите страни од нашата историја и станаа симбол за она што значи љубов и преданост кон својата татковина, верба дека она што сме го добиле од предходните генерации треба како светост и светлина во очи да го чуваме и предаваме на идните генерации, а тоа е слободна, суверена Македонија со свој јазик, култура и традиции – рече меѓу другото таа.

Отворањето на Спомен-паркот е на иницијатива на охридскиот огранок на Здружението на ветераните од одбраната и безбедноста на Република Македонија, со поддршка на Општина Охрид.

Маркетинг
Ad 4
Ad 1