Кошарка
Сан Антонио ја продолжи серијата победи
Екипата на Сан Антонио без многу проблеми стигна до нов триумф откако ноќеска славеше против Милвоки со убедливи 127:95. На овој начин ја продолжија серијата од осум победи или 13.та победа на последните 14 натпревари.
Од самиот почеток Сан Антонио ја најави победата, а предводник беше Виктор Вембањама, кој дуелот го заврши со 23 поени, 15 скокови и 6 асистенции. Екипата на Сан Антонио имаше дури седум кошаркари, кои постигнаа двоцифрен број поени.
Нивниот ривал Милвоки (шампион од 2021 година) настапи без првата ѕвезда на тимот Јанис Адетокумбо (повреда) и најверојатно ќе останат без пласман во плеј офот. Резултати на ноќешните дуели: Милвоки – Сан Антонио 95:127, Минесота – Детроит 87:109, Шарлот – Филаделфија 114:118, Атланта – Сакраменто 123:113, Мемфис – Чикаго 125:124 и Феникс – Јута 134:109.
март 29, 2026

