Ракомет
Ракометниот „Трофеј Македонија“ повторно во Охрид
Новото издание на „Трофеј Македонија“ и оваа година ќе се одржи во Охрид и ќе биде во женска конкуренција. Претседателот на РФМ Александар Стефанов на Собранието објави дека годинава ќе настапат селекциите на Србија, Црна Гора и на Хрватска.
Ова претставува повисоко ниво или Балканско првенство. Сите четири репрезентации речиси редовно учествуваат на големите натпреварувања, а планирано е да се одржи во месец септември за време на неделата на ЕХФ.
Турнирот лани беше возобновен и победник беше македонската репрезентација, а учествуваа Египет, Тунис и Грција.
март 29, 2026

