Connect with us

Ракомет

Очекувани победи на Алкалоид и Еурофарм Пелистер

Екипите на Алкалоид и на Еурофарм Пелистер постигнаа победи на денешните дуели од 3.коло од плеј офот Супер лига. И двата тима ја потврдија фаворитската улога и запишаа нови два бода.

Алкалоид го совлада Тиквеш со 40:25, а избраниците на тренерот Кирил Лазаров постепено рутински стигнаа до победата, а во 39.минута првпат стигнаа до двоцифрена предност 25:15. Во завршницата на дуелот ја имаа и најголемата серија од 6-0 за убедлив триумф. Најефикасен на дуелот беше Никола Костески со 8 голови, а во редовите на Алкалоид сите играчи кои влегоа во игра постигнаа гол.

На дуелот Бутел – Еурофарм Пелистер кои гостите го добија со 41:25, почетокот беше во знакот на битолчани кои поведоа со 7:0, а на полувреме беше 23:9. Најефикасни на дуелот беа „пелистерци“ Алем Хаџиќ со 7 и Дејан Манасков со 6 голови.

Последниот дуел од 3.коло меѓу Вардар и Охрид се игра на 2.април, поради настапот на Охрид во ЕХФ Европскиот куп утре против Олимпијакос во Атина.

Маркетинг
Ad 1
Ad 2