Connect with us

Хроника

МВР: Осомничениот Ж.Г. од Брвеница по вербална расправа со раце го задавил 76-годишниот охриѓанец

Секторот за внатрешни работи од Охрид поднесе кривична пријава против 53-годишниот Ж.Г., осомничен за убиство на охриѓанецот К.М (76).

Според полициското соопштение, Ж.Г. од тетовското село Брвеница во средата на 25 март околу 18:30 часот по вербална расправија во домот на К.М. (76) во Охрид, физички го нападнал, а потоа го задушил со раце.

Телото на жртвата вчера изутрината во 8:24 часот беше пронајдено во неговата семејна куќа на улицата „Нада Филева“ во стариот дел на Охрид.

СВР – Охрид, по преземени мерки и во координација со МВР и јавен обвинител, во текот на вчерашниот ден распиша централна потерница по што осомничениот во 17:20 часот е пронајден во селото Брвеница и лишен од слобода.

Се уште не се познати мотивите за злосторството, но првичните околности укажуваат на убиство од користољубие. 

Маркетинг
Ad 3
Ad 4