Connect with us

Политика

Манасиевски: Филипче по насока на ПР шефот Башановиќ спремил програма на СДС, како да не беа до пред 2 години власт

Да не беше смешно, ќе беше трагично. Филипче по насока на ПР шефот Башановиќ спремил програма на СДС, како да не беа до пред 2 години на власт, стои во соопштението од прес – конференцијата на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ кое МИА го објавува интегрално.

Башановиќ очигледно не знае дека СДС до пред околу 2 години, 7 години беа на власт. Од тие 7 години власт, Филипче беше 5 години министер. По што остана запаметен сите знаеме.

ПР стратезите Башановиќ и Шчекиќ му смислиле празен концепт за програма на Филипче, а тој без никаков срам, легитимитет и кредибилитет ја презентира новата програма на СДС.

Една од мерките во програмата без суштина во СДС се вика – скратена работна недела.

Башановиќ, Шчекиќ и Филипче, веројатно по насока на Заев ја спремиле мерката за скратена работна недела, по принципот на Зоран Заев, бидејќи тој како премиер во недела не работеше. И сабота не работеше. И петок. Додуша тој цела недела не работеше како премиер.

Впрочем, ова и не е нова мерка на Филипче и СДС, затоа што тие така работеа кога беа на власт.

Почитувани колеги од СДС,

На Македонија после вашето уништување на државата и треба работа, труд и посветеност. И треба тоа што се случува денес. Реформи, проекти и мерки за граѓаните. А не празни флоскули и демагогии од ваша страна. Затоа сите почнаа да бегаат од вас, а останаа само лојалистите на Заев. 

Маркетинг
Ad 4
Ad 2